ПСЖ го претстави новиот тренер: Пред нас е напорна работа, мораме да го искористиме потенцијалот на
ПСЖ го претстави новиот тренер: Пред нас е напорна работа, мораме да го искористиме потенцијалот на тим Пари Сен Жермен денеска ја официјализираше разделбата со Маурисио Покетино за да веднаш потоа и го именува, претстави новиот тренер кој доаѓа од Лига 1. Се работи за 55-годишниот Кристоф Латие кој доаѓа во Ница, тренер на кој најголем успех во досегашната кариера му е лигашката титула со Лил во натпреварувачката 2020/2021. -Среќен сум што му се приклучувам на Пари Сен Жермен, би сакал да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи, Луис Кампос и клубот за довербата во мене. Целосно сум свесен за обврските кои се вклучени да го тренирам овој извонреден тим кој е еден од најконкурентните и најспектакуларните тимови во Европа. Воодушевен сум што ќе работам со сите овие талентирани играчи како и со највисокиот персонал овде во клубот. -Ние знаеме што ПСЖ претставува во францускиот и меѓународниот фудбал. Мојот фокус е на амбиција, напорна работа и искористување на максимумот од потенцијалот на тимот. Воодушевен сум што станав тренер на овој тим и што ќе бидам на клупата на стадинот „Паркот на принцовите“, стадион кој ја отелотворува страста за фудбалот, -истакна Галтие кој се обврза да ги води „светците“ до 30 јуни 2024 година.
Comments