Search
ПСЖ го потврди заминувањето на Галтие
Францускиот клуб ПСЖ денеска и официјално ја потврди разделбата со досегашниот тренер Кристоф Галтие.
Судбината на Галтие беше решена уште по крајот на сезоната, ПСЖ во меѓувреме бараше соодветен наследник, а наскоро и ќе го потврди неговото име.
Денеска клубот објави официјално соопштение со кое потврди дека Галтие веќе не е тренер на сениорскиот тим, заблагодарувајќи му за придонесот во текот на претходната сезона.
Галтие заминува заедно со своите помошници, а го водеше ПСЖ само една сезона, во која неговиот тим го освои само трофејот во националното првенство.
Подоцна во текот на денот се очекува ПСЖ да го промовира Луис Енрике како нов тренер.
Comments