top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пројковска на ВАР-семинар во Турција

18.10.2021 Oktomvri Ponedelnik

ФУДБАЛ

Ивана Пројковска, македонската фудбалска судијка со знакот на ФИФА, идната недела, од 18 до 21 октомври, ќе биде дел од семинарот на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Рива, Турција. – Станува збор за семинар на кој треба да се запознаеме и да ги проучиме протоколите за користењето и функционирањето на видеоасистент-судиите или ВАР. За мене ова е прва обука од ваков вид. Таму ќе бидеме вкупно 14 судии, осум мажи и шест жени, од неколку земји. По овој семинар, од 22 до 25 ноември ќе следува и вториот дел, исто така во Турција, со што ќе заврши обуката, по која ќе можеме да судиме натпревари на кои се користи ВАР, кој, како што е најавено, ќе се користи од четврт-финалето во женската Лига на шампиони (ЛШ) – вели Пројковска. Пројковска во јули 2019 година ја доби довербата да суди на финалето на ЕП (до 19 години), помеѓу Франција и Германија (2-1), а потоа судеше и неколку меча во ЛШ и во квалификациите за ЕП.


3 views

Comments


bottom of page