top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прослава на роденденот на Горан Стефановски утре во Дебар Маало

Општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“. Годинешното одбележување ќе биде потенцирање на неговата љубов кон рокенролот и по тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс, кој ќе вклучува извадоци од неговата театарска претстава „Лонг плеј“. На перформансот ќе настапат артистот Александар Микиќ, заедно со музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки, во режија на Јордан Симонов, а градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ќе ги поздрави присутните со краток пригоден говор. Прославата на роденденот на Горан Стефановски ќе се одржи утре, четврток, со почеток во 13 часот, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар.


0 views

Comments


bottom of page