top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пронајдено вистинско археолошко богатство под подот на катедралата Нотр Дам

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

Археолошките ископувања под катедралата Нотр Дам во Париз открија вистинско богатство – статуи, скулптури, гробници и парчиња од оригиналниот покривен екран, кој датира од 13 век, пренесува Гардијан.

Археолошките наоди вклучуваат неколку антички гробници од средниот век, како и саркофаг во облик на човечко тело закопан во катедрала опустошена од пожар, а француските експерти го опишаа откритието како неверојатно и емотивно, пишува британскиот весник.

„Сето ова го откривме на само 10-15 сантиметри под плочите на подот. Беше сосема неочекувано да се најдат вакви работи. Има важни делови што ја документираат историјата на овој споменик“, рече Кристофер Бесније, кој го води научниот тим што раководи со ископувањата.

Откритието го објави Францускиот национален археолошки институт.

Тимот што ги ископа артефактите го повика Институтот да спроведе „превентивно копање“ под подот на катедралата, пред да изгради скеле високо над 100 метри и тешко 600 тони, кое треба да се искористи за реновирање на врвот на кулата, вели британскиот весник.


1 view

Comentarios


bottom of page