top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пронајден документ кој вели Македонија го доби името од древното кралство кое ја покори Грција

19.07.2021 Juli Ponedelnik

Австралиски документ од 1998 година го привлече вниманието на Македонците

Големо интересирање меѓу Македонците предизвика откритието на документот на австралиската амбасада во Белград од 1998 година во кој се користи името Македонија и се дава интересен приказ за начинот на неговото настанување.

Во официјалниот документ, само на почетокот се користи терминот БЈРМ, додека потоа државава се ословува како Македонија. Во него се наведени и општи податоци за географската положба, политичката и за економската состојба, како и за населението во Македонија. Но најголемо внимание привлече објаснувањето за настанокот на името на државата.

– Македонија го доби името од древното кралство кое ја покори Грција под водство на Филип од Македонија, како и речиси целиот тогаш познат свет, во владеењето на неговиот син Александар Велики – пишува во документот објавен во март 1998 година.





5 views

Comments


bottom of page