Промоција на стихозбирката „21 Г.℗“ на Тони Манџуковски
Во преддворјето на црквата „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „21 Г.℗” – збирка стихови откорнати од душата на авторот Тони Манџуковски Манџук.
Книгата ќе ја промовираат рецензентите Ефтим Клетников и Владимир Мартиновски, а на промоцијата ќе учествуваат и Жаклина Стевковска, Џинас Папа Џокси, Јована Зајков и етно класичниот хор „Серенада“.
Манџуковски досега објавил неколку книги „Скалила кон градот на пингвините” (1999, збирка проза, поезија и фотографии), „Скршениот шестар” (2001, еколошка бајка во 9 чина), „Аквадукт” (2005, дузина кратки раскази), „Анализа на електромагнетните појави во двобрзински еднофазен асинхрон кондезаторски мотор” (2013, магистерски труд), „Аманет” (2015, дуодрама) и „Како ти и јас / Kao ti i ja / Like you and me” (2020, љубовно патеписна тројазична поема – импресија од младоста на Никола Тесла).
Сите книги се проследени со промоции преку перформанси: „Не е се во симболите, има нешто и позади нив” изведен во Музејот на град Скопје од Тони Михајловски и сајбер групата пингвини, „Светот на мултитривијалноста” изведен во Музејот на современа уметност од Дејан Лилиќ, Ирена Ристиќ, Јана Стоиќ и Давор Петровски, „Корените од Аквадуктот” изведен покрај скопскиот аквадукт од Дејан Лилиќ, Данило Коцевски и етно групата Монистра, „Аманет”изведен во Етнолошкиот музеј од Ирена Спировска и Јово Брамс и „Како ти и јас” изведена на Скопско Лето online од Тесла Бар од Сашко Коцев и авторот.
Comments