top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на „Сегде божева je хубавина“ (есеи за Македонија) од Ристовски

16.12.2020 Декември Среда

„Сегде божева je хубавина“ е наслов на новата книга од македонски писател Гоце Ристовски, која денеска ќе биде промовирана во НУ библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. За делото кое е објавено со финансиска подршка на Министерството за култура, ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов.

“Оваа несекојдневна есеистичка објава, во извесна смисла на зборот, е продолжение на претходната книга на авторот Ристовски „Дарежливост на бојжата рака“. Во поднасловот е определена со одредницата „есеи за Македонија“. Тргнувајќи од легенди и преданија за одредени локалитети, од докумантарни записи на патеписци кои низ времињата минувале низ овие наши краишта и оставеле пишани траги, од мисли искажани од истакнати светски уметници од разни области, философи и хроничари и црпејќи од актуелни настани и собитија, авторот Гоце Ристовски создава лирски записи, што може да се означат и како псевдо репортажи. Користејќи ја и својата имагинација, надградувајќи ги постојните приказни тој гради четиво кое колку е реално толку се чини и имагинарно, па дури и мистично – налик на делата од тн. магисики реализам. Оттука, делото се темели на авторовата фасцинација од природните убавини на нашата земја, културно историските паметници, богатата нарадна културна традиција но и современото, пред се литературно творештво“, се наведува во прилогот за новата книга на Гоце Ристовски.

Промоцијата ќе биде реализрана според здравствените протоколи.

Ристовски е прозен и драмски автор, литературен и театарски критичар, есеист, колумнист, аналитичар, литературен преведувач, универзитетски професор. Негови книги се продаваат на интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминетни светски би-лиотеки – Библиотеката во Стејт Департментот во САД, Националната библиотека на Франција, Националната библиотека на Полска,, Националната библиотека на Австралија, библиотеката на Универзитетот во Стенфорд и др.


3 views

Comments


bottom of page