top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска

23.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Промоција на книгата „Трамонтана“ на македонската писателка Наташа Сарџоска ќе се одржи утре (23 септември) на „Зелената тераса“ на покривот на ГТЦ, со почеток од 18 часот.

Промоторка на романот ќе биде писателката Фросина Пармаковска.

– „Трамонтана“ е роман за празнината. Длабока критика кон општеството, но истовремено и крик за пронаоѓање на смислата на постоењето. Кога двата централни лика, двете двојнички, Алма и Алба, ќе се сретнат, се случува пресвртот кој ќе ја исполни празнината. А таа знае да биде толку тегобна, исто каков што е на моменти и стилот на Сарџоска кој ја доловува напнатата атмосфера која ја живееме одбивајќи да ја признаеме.

Романот пристигна за време на Саемот на книгата, но она што Наташа Сарџоска има да ви го каже пред да дозволите да ве одвее ветрот наречен „Трамонтана“, вреди да се чуе – вели Пармаковска.

Романот е веќе достапен во книжарниците на „Три“ и онлајн на kniga.mk.

Сарџоска има плодно поетско творештво зад себе, а ова е нејзин прв роман.


2 views

Commentaires


bottom of page