top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на романот „Писмо за Глорија“

В среда (1 март), со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски како 216. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите. „Романот „Писмо за Глорија“ е автифокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста, што честопати може да биде необична и себеиспишување, што секогаш мора да биде комплексно и трауматично. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеспознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора преку бескрајните предели на убавата литература“, вели Пармаковска во освртот кон романот. Живко Грозданоски е роден 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.



6 views

Comments


bottom of page