top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

Во Салон 19:19, при Културно-информативниот центар, на 27 мај од 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски. Книгата ќе ја претстави Јулијана Величковска, а делови од книгата ќе читаат Тихомир Јанчовски и Горазд Китановски.

„Приказни за деца и животни“ е неговата прва книга за деца, се работи за баснарка-боенка. Содржи 14 басни со илустрации во кои ликовите главно се урбани животинки што се наоѓаат пред разни искушенија и дилеми кои ги решаваат на детски наивен и љубовен начин. Во книгата ќе ги најдете бувот Џуши, крокодилот Кроко, Дино Сајрус, јазовецот Бранко, мрзливецот Ано, две деца што станале китови, кучето Флопи и други протагонисти.

Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Основно и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја во Скопје (2008). Досега му се објавени четиринаесет книги поезија, два романи и една книга колумни. Преведуван е на 15 јазици.


1 view

Comments


bottom of page