top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на првата и единствена Aнтологија на македонската слем поезија во КИЦ-Скопје

Во Културниот информативен центар – Скопје вечер ќе биде промовирана првата и единствена Антологија на македонската слем поезија во уредништво на Елена Пренџова и во издание на „Театарска работилница – Прилеп“.

“Во антологијата се поместени слем-песни од десет слемер(к)и кои од самите почетоци на слемот во земјава најактивно и континуирано настапувале на слем-настаните во организација на „Театарска работилница – Прилеп“ и Поетри слем Македонија, а при тоа достигнале уважени признанија и го промовирале македонскиот слем во странство Цветанка Колева, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јовановска, Исток Улчар, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Афродита Николова, Аница Блажевска и уредничката, велат од КИЦ-Скопје.

На промоцијата ќе настапат застапените слемер(к)и и замислена е како пријателски слем-натпревар во формат на натпреварите на националните избори што секоја година се одржуваат во Прилеп на 10, 11 или 12 октомври, датумот се поклопува со Денот на востанието. Настанот е со влезници, а влезница ќе претставува секоја купена книга во издание на „Театарска работилница – Прилеп“, вклучително и слем-антологијата и слем-зборниците од националните избори, а средствата собрани вечерта ќе одат за поддршка на слем-сцената во земјава.


2 views

Comments


bottom of page