Search
Промоција на поетска книга „Простори на љубовта“ од Сузи Тенева
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 21 март, во 19 часот, проф. д-р Лидија Дракулевска-Капушевска ќе ја промовира книгата со наслов „Простори на љубовта“, од поетесата Сузи Тенева, а стихови ќе интерпретира познатиот артист Ѓорѓи Јолевски.
Песните застапени во поетската книга на Тенева прозвучуваат како филозофски сентенции, на моменти како афоризми, сосема во духот и определбата на авторката, констатира во својата рецензија проф. Дракулевска-Капушевска.
Comments