Промоција на новиот роман на Фросина Пармаковска
08.02.2024 Februari Cetvrtok
Во „Салон 19.19“ во КИЦ, вечерва, од 19.30 ч., низ разговор на новинарот Васко Поппетревски со авторката Фросина Пармаковска ќе биде претставен нејзиниот нов роман „Сѐ уште можам нешто да сторам“, во издание на „Или-или“
Тоа е роман за денешнината, за реалноста што е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главниот и преостанатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена што настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ многубројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното Фросина Пармаковска дипломирала на Филолошкиот факултет, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институтот за македонска литература, на културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ и „На враќање“.
コメント