top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на нови книги од Андоновски, Саздова и Михајловска-Георгиева

02.06.2021 Juni Sreda

Во Градскиот парк во Скопје (на „Школка“) на 3 јуни, во 18 часот ќе се промовираат новите книги за деца и млади на истакнатите македонски автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски, во кои главните ликови се Стела и Сани.

На настанот ќе се промовира и целата едиција сликовници „Стела и Сани“, како и новата „Еден облак бел и 12…“ напишани од Бистра Георгиева, а илустрирани од Катерина Николовска.

„Целта на овој проект е да ja искачи книжевноста за деца чекор погоре на скалата на уметнички, образовни и морални вредности. Токму затоа книгите се пишувани од едни од највлијателните творци на македонската проза. Макар што Сани и Стела се ликови во сите книги, тие се наоѓаат во различни ситуации и се на различна возраст. ‘Ѕвездена џунгла’ од Јагода Михајловска-Георгиева ќе ги однесе најмалите до вселената заедно со Едан и Асја, Винка Саздова, пак, во ‘Ти носам пустински песок’ ќе ги наведе малку поголемите нестрпливо да ѕиркаат во поштенското сандаче, а Венко Андоновски ќе ги повика тинејџерите да го допишат романот ‘Имаш пчела на носот’. Но, иако се наменети за деца од различни возрасти, од најмали до тинејџери, книгите имаат иста идеја: квалитетна литература“, ќе посочи издавачот „Три“ кој додава дека настанот ќе изобилува со активности како средба и читање со авторите, пеење со Стела и Сани, и работилници и играње.


2 views

コメント


bottom of page