Промоција на новата збирка поезија од Елена Пренџова
„За една кратка урбана љубов која стравуваше да се нарече себеси така“ е наслов на новата збирка поезија од поетесата Елена Пренџова, која ќе биде промовирана на 2. март (14 часот) во галеријата “Омер Калеши“ на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Промоцијата е во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како дел од мартовските настани посветени за промовирање и валоридизирање на успешните жени вработени на универзитетот, организирани согласно Стратегијата за родова еднаквост на Универзитетот.
На промоцијата ќе се обратат Ректорот, проф. д-р Изет Зеќири и раководителот на секторот за односи со јавност, Наим Вренези, воведна реч ќе каже колегата проф. д-р Мустафа Ибрахими, а пристуните ќе имаат можност и да ги проследат видео-обраќањата на препејувачката на италијански јазик Лучила Трапацо од Швајцарија, препејувачката на српски јазик Катарина Фиаменго од Србија, препејувачката на словенечки јазик Намита Субиото од Словенија и лекторот по англиски јазик Мет Мјури од САД.
Comments