Промоција на необјавената „Божиќна песна“ на Влатко Илиевски
16.12.2020 Декември Среда
На радиостаниците во Македонија денеска премиерно ќе биде пуштена „Божиќна песна“, која Влатко Илиевски ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не е објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.
Нашата голема музичка ѕвезда, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои, за жал, не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа. Една од нив е и „Божиќна песна“.
Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста.
Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.
Comments