Промоција на „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска
„Мед и младост“ е наслов на најновата поетска збирка на писателката Гордана Михаилова Бошнакоска која ќе биде промовирана вечер во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
Промотор на збирката ќе биде писателот Гоце Смилевски, а стихови ќе кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Мартин Манев.
Најновата поетска збирка „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, која е издадена во соработка со издавачот „Макавеј“ беше влезена во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшки вечери на поезијата за оваа година.
Гордана Михаилова Бошнакоска е родена на 1 септември 1940 година во Битола. Има објавено 15 збирки поезија.
Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.
Comments