top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на „Македонска љубовна лирика“ приредена од Мојсова-Чепишевска и Антоновски

12.06.2024 Juni Sreda

Во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски и под мотото „Да кренеме македонско љубовно востание“, според дел од стиховите на Светлана Христова-Јоциќ, на 12 јуни, со почеток во 19 часот, во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ ќе се одржи промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски.

Стихови од македонски поетеси и поети ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а предвидена е и музичка програма на Драган Мијалковски. На промоцијата ќе има и дружење со поетеси и поети од сите генерации и заедно ќе ѝ се наздрави на љубовта со по чашка македонско вино.

„Македонска љубовна лирика“ е најобемниот тематски избор од современата македонска поезија објавен досега. Во книгата, на близу 500 страници се поместени близу 350 најубави љубовни песни од македонски современи поетеси и поети од сите генерации. Во изборот, покрај поезијата од канонските македонски автори, опфатени се и песни од автори на коишто досега не им било посветено доволно заслужено внимание, како и песни од најмладите, а веќе етаблирани автори.

Книжевниот настан е во организација на „Матица македонска“.


2 views

Comments


bottom of page