Промоција на книгата „Тежина на вториот чекор“ од Ѓоре Ѓелев
Во Културно информативниот центар – Скопје, вчер во салонот 19:19 ќе се одржи промоција на книгата „Тежината на вториот чекор“ од Ѓоре Ѓелев во издание на „Македоника литера“.
Книгата ќе ја промовира д-р Игор Радев, а стихови ќе чита Ели Клинчаревска – Младновска.
Ѓоре Ѓелев е роден во Велес, а живее во Скопје. Голем вљубеник е во природата. Тој е дипломиран инженер по системски софтвер и работи во индустријата за развој на софтвер. Ги сака пишаниот збор и уметноста. Во слободно време пишува поезија, планинари, слика и вежба кинеска калиграфија. Автор е на стихозбирката „Лиричност од Шекспирова“ (2020, насловот е аналогија на адресата на која живее – ул. „Шекспирова“).
Книгата е на солидно естетско ниво, а авторот е од помладата генерација автори, автор во подем, наведуваат од КИЦ.
Commentaires