top of page

Промоција на книгата „Во главата пишувам расказ“ во КИЦ

15.03.2022 Mart Vtornik

Во Културно информативниот центар во Скопје (КИЦ) утре ќе биде промовирана книгата „Во главата пишувам расказ“ на авторите Елизабета Баковска и Сашо Димоски.

Промотори ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанчевски, а во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата на портрети „12 + една“ на фотографот Сашо Димоски.

Ова е трета соработка на Баковска и Димоски. Нивното прво заедничко дело е поетската збирка „Варварите сè уште пишуваат поезија“ (2015), а потоа и изложбата на фотографии подготвена заедно со промоцијата на книгата раскази „Последните голтки“ (2018).

Книгата содржи 60-тина раскази и исто толку фотографии, Баковска ги пишувала расказите во периодот септември – октомври 2018 година и ги објавува на социјалната мрежа „Фејсбук“, а се однесуваат на компресирани сеќавања и размислувања поттикнати од испраќањето и упокојувањето на нејзината мајка.


 
 
 

Comentarios


bottom of page