top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на Зборник на трудови „Антево дело“

Денес со почеток во 19.00 часот, во Порта Македонија, ќе биде промовиран Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“, одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

На овој, Втор по ред симпозиум за Антевото творештво, беа презентирани реферати во живо и снимени излагања на еминентни научни работници, лингвисти и писатели преку видео обраќања (поради ковид мерките), во кои се третирани литературни, литературно-теориски, јазични и теми од историја на уметност и естетика.

Во Зборникот се објавени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, (во моментот на печатењето на Зборникот работеше како м-р на Универзитетот на Нов Јужен Велс Кенсингтон Сиднеј, Австралија, а сега е д-р при Универзитетот во Болоња, Емилија-Ромања, Италија), м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска , м-р Александра Јуруковска и асс. м-р Иван Антоновски.

Зборникот на трудови „Антево дело“ се очекува да биде биде промовиран и претставен и во некои други градови во земјата.


2 views

Comments


bottom of page