top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска

12.04.2024 April Petok

Збирката есеи „Господ, па Америка“ e новата книга од македонската авторка Румена Бужаровска, чија промоција ќе се одржи на 15 април, од 19:30 ч. во Јавна соба. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“ сега го добиваат своето прво македонско издание од издавачката куќа „Три“. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството.

-Целиот настан ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество. Низ него ќе нè води Ивор Мицковски во улога на промотор, соопштија од издавачката куќа.

Како што посочуваат оттаму, за есеите веќе има одѕив од домашните и од авторите од регионот. Зборовите на познатиот српски режисер Срѓан Драгојевиќ се: „Го поминав истиот пат како авторката на патописите и не ми беше толку интересно како што ми беше читањето на оваа книга“.

Инаку, по досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска сега ја збогатува домашната литература со збирка есеи. А неоспорен е и успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик…


2 views

Comments


bottom of page