Промоција на „Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска
22.06.2021 Juni Vtornik
На 23 јуни, со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе биде промовирана книгата „Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска, во издание на „Арс Либрис“. Промоцијата ќе ја води Татјана Димовска-Атанасова, уредничкa во „Арс Ламина“.
„Брезите што шумеа крај Темза“ е најново остварување на авторката. Станува збор за слоевит роман во кој се испреплетуваат љубовта, страста, амбициите, себепронаоѓањето и простувањето.
Катерина Серафимовска (1972) веќе три децении е присутна на македонската книжевна сцена. Член е на ДПМ од 2001 година и е автор на десет објавени книги, меѓу кои и романите: „Забранет поглед“ (1999); „Насмевка со цимет“ (2016); „Поглед полн синило“ (2017); „Небото над реката Чарлс“ (2018); „Блесок на пролетта“ (2019).
Comments