top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промовирана „Пандемија и постхуманизам“ на Иван Џепароски

Kнигата на Иван Џепароски „Пандемија и постхуманизам“, во издание на „Ми-Ан“, во КИЦ, ја промовираа Наташа Аврамовска и Мишел Павловски. – Книгата на реномираниот македонски филозоф, естетичар и теоретичар на културата претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план. Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите помеѓу пандемијата на ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна – вели Наташа Аврамовска.

Иван Џепароски е автор на над триесет книги: на петнаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, на осум поетски книги, на три поетски антологии и на осум книжевнотеориски и есеистички избори. Во моментов е раководител на постдипломските Интеркултурни студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум итн.

Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесет странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги на англиски, бугарски, српски, албански и романски јазик.


3 views

Comments


bottom of page