top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промовирана нова книга на академик Коцарев „Слова за македонскиот непокор“ – есеи за македонските национални премрежиња

15.10.2024 Oktomvri Vtornik

„Слова за македонскиот непокор“ е насловот на новата книга на академик Љупчо Коцарев, која денес беше промовирана во Скопје. Во книгата се застапени шеесет и девет есеи објавени во периодот од 2021 до 2023 година, во кои авторот пишува за македонските национални премрежиња. Книгата, која е во издание на „Матица македонска“, ја промовираше писателот Ефтим Клетников.

– Како и во претходната негова книга „За македонските работи“, која предизвика голем интерес кај македонските читатели, Коцарев е конзистентен, аналитичен и ги поставува прашањата: „Што понатаму?“ и „Кои се нашите предизвици?“, што зборува, од една страна, за неговата загриженост поврзана со повеќедецениската криза во Македонија и, од друга страна, за неговиот обид за изнаоѓање решенија за излез од кризата и за опстојбата на Македонија – посочува издавачот.

Љупчо Коцарев (1955, Скопје) е поранешен претседател на Македонската академија на науките и уметностите (јануари 2020 – декември 2023). Работел на УКИМ во Скопје, на Универзитетот „Калифорнија“ во Беркли и на Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Диего. Автор е на над 200 научни труда објавени во педесет водечки светски списанија со фактор на влијание во природно-математичките науки, техничко-технолошките науки, општествените науки и во хуманистичките науки. Тој е дел од водечките два процента светски научници од сите научни области на сите времиња, согласно со тимот на Универзитетот „Станфорд“ во САД (од 2020 година до денес). Добитник е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. Академик Коцарев е изумител на шест патенти, одобрени и патентирани во Америка и во Европа. Неговите истражувања се финансирани од повеќе научни агенции во Америка, Европската Унија, Германија, Кина…


1 view

Comments


bottom of page