Промовирана книгата „Ранохристијански лексикон“ од Трајче Нацев
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2022
- 1 min read
Универзитетскиот професор и археолог, Трајче Нацев, денеска ја промовираше книгата „Ранохристијански лексикон“. Нацев, кој предава на катедрата за археологија при Факултетот за образовни науки вели дека овој лексикон го опфаќа периодот од I do VI век.
За да се напише еден лексикон, како што вели, потребен е долг временски период, но и активна работа на терен.
– Во лексиконот освен архитектурата ги внесов и ги вткаав и другите термини кои биле користени во тој период и дека дел од тие термини се користат и до ден денес. Во лексиконот ги има архитектурата, уметноста, има делови и од историјата, црковни термини, вели Нацев.
Тој вели дека овој лексикон, кој претставува негова седма книга по ред, е наменет пред сè за студентите, но и да се користи и како стручна литература.
Нацев со студентите е активен на терен и често со студентите истражува археолошки локалитети и учествуваа во низа на меѓународни проекти.


Comments