top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промовирана „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска „Матица македонска“ од Скопје ја промовира авторската едиција во десет книги „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски.

Колекцијата на овие научни книги е резултат на дводеценискиот проект на авторот и претставува серија од монографски дела од кои секое обработува една тематска целина. Првите шест книги се посветени на: Раната старогрчка филозофија, на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката филозофија низ вековите сè до наше време: Античката филозофија и Византија, Античката филозофија и средновековието на Запад, Античката филозофија и западното нововековие и Античката филозофија и словенскиот свет.

За одбележување е што изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е реткост во светската философска литература. Настојувањето на авторот да се изразува со едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени философски проблеми да бидат разбирливи за пошироката образована читателска публика, наведоа од „Матица ексклузив“

За значењето на овој голем научен и издавачки проект ќе говорат: академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет и д-р Јасмина Поповска, професор по античка филозофија на Филозофскиот факултет од Скопје.



5 views

Comments


bottom of page