top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промовиран романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер беше претставен со онлајн промоција на која, покрај авторката Фројденталер, зборуваа и уредничката на книгата Бисера Бендевска и Ксенија Чочкова, која го преведе романот од германски јазик. „Приказна за духовите“, која е добитник на наградата на Европската Унија во 2019 година, е еден од романите за кои на конкурс во организација на „Арс ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. За победничко решение е избрано она на Лара Маринковиќ. Лаура Фројденталер е родена во 1984 година во Салцбург. Студира германски јазик и литература, филозофија и родови студии. Живее во Виена. Нејзините раскази „Черепот на Медлин“ се објавени во 2014 година. За романот „Кралицата молчи“ ја добива книжевната награда на градот Бремен во 2018 година, а романот добива препорака за најдобро прозно дебитантско остварување од Германија на фестивалот за дебитантски романи во Шамбери во 2018 година. Следната година, Фројденталер го објавува својот втор роман, „Приказна за духовите“, за кој ја добива Европската награда за литература истата година. Што ако во вашиот живот одненадеж се отвори празнина? Ова е прашањето што Лаура Фројденталер го поставува во својот втор роман „Приказна за духовите“. Главниот лик Ан, средовечна професорка по клавир, одлучува да земе слободна година и да се посвети на свирењето и подготвувањето учебник за нејзината настава. Таа е мажена за Томас, со кого е во брак дваесет години. Токму кога се чини дека непречено ќе може да им се посвети на нештата што ги сака, Ан ја опседнуваат немири…


3 views

Comments


bottom of page