top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прокопиев и Божовиќ ја промовираа најчитаната книга на Данило Киш “Рани јадови“

23.09.2021 Septemvri Cetvrtok

“Поезијата, колку и да е уметност на зборовите не може и никако не смее да се сведе само на јазик. Ако ја сведеме така, таа ќе изгуби некои од важните содржини поради кои и воопшто читаме поезија. Поезијата е артикулација на некои значења. Не е сеедно за што читаме, ниту пак какви чувства некоја песна ни буди. Не е сеедно кој вид постапка некој поет ја применува за да ја доближи смислата на своите стихови – рече српскиот поет Гојко Божовиќ, во рамките на портретот посветен нему, како дел од програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.

Александар Прокопиев кој збореше за неговото творештво истакна “Божовиќ бега од пренатрупеностите и ги кажува работите ненакитани, на природен начин“.

Двајцата писатели зборуваа и за еден од најголемите автори во втората половина на 20 век, Данило Киш и го промовираа и македонскиот превод на неговата најчитана книга „Рани јадови“, во издание на „Прозарт медиа“ од Скопје.

Делото го преведе Дејан Трајкоски, кој прочита и извадок од него. “Искрено се надевам дека ќе го чуете и видите Киш преку ова дело, зашто „Рани јадови“ е восхитувачки поетска и восхитувачки сликовита книга“, истакна Трајкоски.

“’Рани јадови’ е многу прецизен опис на растењето на едно дете и како тоа го осознава светот во кој живее и може да препознае подобро отколку што тоа го прават возрасните. Ретко која книга во светската книжевност може да се пофали со таква снага за носталгична евокација и да се спореди со оваа кратка, а голема книга“, додаде Божовиќ.

Прокопиев истакна дека радува фактот што и поновите генерации го сакаат Киш.


4 views

コメント


bottom of page