top of page

Проекција на филм за Марија Шнајдер на „Кино средби” во Кинотека

08.06.2026 Maj Petok

Францускиот институт во Скопје и Кинотека ги организираат месечните „Кино средби” на кои ќе бидат прикажани современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија.

Овие кино средби денеска продолжуваат со проекцијата на „Марија” (2024), од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо, во Кинотека.

Во „Марија”, Жесика Пали раскажува за трагичната судбина на Марија Шнајдер. Чувствителен омаж на актерката чијшто живот засекогаш се промени по снимањето на „Последното танго во Париз”.

Филмот е со превод на македонски јазик.


 
 
 

Comments


bottom of page