top of page
Search

Проекција на претставата „Донка – Писмо до Чехов“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија на 31 мај, во 19 часот, ќе се прикаже претставата „Донка – Писмо до Чехов“ на Даниеле Финци Паска и неговата трупа, а во рамки на проектот „Театар на платно“ на компанијата „АртАктУм“ која успеала да ги добие правата само еднаш да ја прикаже претставата на големото платно пред македонската публика.

Претставата е подготвена во 2010 година во Русија во копродукција со Чехов фестивалот по повод 150 годишниот јубилеј од раѓањето на големиот руски писател А. П. Чехов.

По претставата следува разговор со Ана Стојаноска – театролог, писателка, професорка на ФДУ и директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Зоја Бузалковска – режисерка и професорка на ФДУ и со Небојша Вилиќ – историчар на уметноста и професор на ФДУ.


0 views
bottom of page