Проекција на „Кога душата заминува“ вечерва на фестивалот „Богородичен покров“
Унгарскиот документарен филм „Кога душата заминува“ вечерва е на програмата на филмскиот фестивал „Богородичен покров“.
Онлјан проекцијата на 55-минутниот унгарски филм со македионски титл е закажана за во 21 часот. Документарниот филм (2020) е во режија на Ерно Золтан Балог, а во продукција на Experiment.
Утре на програмата се „Молитва до Богородица“ дел од филмот „Пресвета Богородица – заштитничка на Скопје” и рускиот документарен филм „Чудата на блажена Ксенија“.
Фестивалот почна на 11 декември, а трае до 26 декември. Се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови од земјава, Русија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Франција.
Филмските проекции се бесплатни, а сите се преведени на македонски јазик.
Comments