Проектилот на Кузмановски против Португалија на радарот на ЕХФ
Репрезентацијата на Македонија го заокружи двомечот со Португалија во рамките од квалификациите за Европското првенство со пораз од 32:27.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа солидно прво полувреме во кое поголем дел беа во егал со противникот, а на моменти имаа и предност.
Спеак, неискуството си го плати данокот и во последните моменти од првиот дел, Португалија со серија од 5:0 дојдоа до предност од четири гола која потоа ја зголемуваа и на крај стигнаа до заслужена победа.
Репрезентативците на Македонија имаа свои моменти на натпреварот, а токму еден таков беше одбележан и од страна на ЕХФ.
Имено, голот на Филип Кузмановски од првиот дел кога со вистинси проектил го матира одличниот Капдевиља се најде во фокусот на ЕХФ и беше објавен на нивната официјална Твитер страна.
Comments