top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Продуцентската компанија на Рис Витерспун продадена за 900 милиони долари

Updated: Aug 10, 2021

09.08.2021 Avgust Ponedelnik

Продуцентската компанија Hello Sunshine, чиј сопственик е актерката Рис Витерспун, го проширува својот опсег. Ентитетот, основан од Витерспун во 2016 година, е продаден на медиумска фирма зад која стои групацијата со приватен капитал „Блекстоун груп“, објави „Волстрит журнал“. „Хелоу саншајн“, наводно, е проценета на 900 милиони долари, изјавија за весникот луѓе запознаени со аквизицијта. Компанијата, која веќе создаде филмска и ТВ-продуцентска куќа, своја VOD-мрежа (вклучувајќи го и првото ток-шоу на Витерспун, Shine on with Reese) се фокусира на приказни од и за жени. „Хелоу саншајн“ продуцираше филмови како што се Gone Girl and Wild како и ТВ-емисии, вклучувајќи ја и драмата „Големи мали лаги“ на „HБO“, серијата „Утринско шоу“ на „Епл плус“ и други. „Ќе ја удвојам мисијата да ангажирам повеќе жени создавачи од сите сфери на животот и да ги прикажам нивните искуства “, изјави Витерспун. „Денес правиме голем чекор напред со Blackstone што ќе ни овозможи да раскажеме уште позабавни, повлијателни приказни за жените на глобално ниво.“ „Ова е значаен потфат во светски рамки бидејќи навистина покажува дека женските приказни се важни.“



4 views

Comments


bottom of page