top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Продуцентите на Бонд сè уште не почнале да работат на 007 по ерата на Даниел Крег

Фановите на Бонд ќе мора да се стрпат и да чекаат официјална објава кој ќе биде следниот Џејмс Бонд, според продуцентката на серијалот 007, Барбара Броколи. Во интервју за „Гардијан“, Броколи откри дека раководителите сè уште не почнале да го планираат следното поглавје од долгогодишната сага, што вклучува модернизирање на серијата. Таа додаде дека претстои долг пат пред култниот лик на Џејмс Бонд да се осмисли за следното поглавје. Тимот е свесен дека следната инкарнација на 007 ќе мора да одрази како се променил светот 20 години откако Даниел Крег ја презеде улогата. „Не е време за умирање“ означи крај на ерата на Крег како Џејмс Бонд. Во него Бонд не успева да излезе жив по лансирањето проектил. Првиот ангажман на британскиот актер во смокингот на познатиот шпион беше во 2006 година во Casino Royale („Казино Ројал“). По него, следуваа Quantum of Solace („Трошка утеха“) – 2008 година , Skyfall (2012), Spectre (2015) и No Time to Die (2021). Голем број актери се појавија на листата со можни наследници на Крег, но сето тоа се сведе на шпекулации на медиумите. Броколи, која го води серијалот со својот полубрат Мајкл Г. Вилсон, се воздржа од каква било најава или сугестија за потенцијалниот наследник и го пофали она што Крег му го донесе на ликот. „Даниел ни даде можност да го истражиме емотивниот живот на ликот… а и светот беше подготвен за тоа“, рече таа додавајќи со Крег сакала да се фокусира на тоа како би изгледал херој од 21 век.




0 views

Comments


bottom of page