Продуцентите на Rust ќе платат казна од 100.000 долари
Продуцентите на вестернот Rust соопштија дека се согласиле да платат граѓанска казна од 100.000 долари за сериозни прекршувања на безбедноста на работното место пред кобното пукање врз камерманката Халина Хачинс на снимањето на филмот во Ново Мексико во 2021 година. Добивај вести на вибер Бирото за безбедност на работниците во Ново Мексико минатата година ја изрече максималната можна казна против Rust Movie Productions (RMP) за, како што рече, рамнодушност на компанијата кон опасностите од неправилно ракување со оружје и случајно пукање од огнено оружје на сет. Хачинс настрада кога актерот Алек Болдвин испука куршум од вистински пиштол што го користел за време на проба. Режисерот Џоел Соуза беше повреден. „Нашиот главен приоритет отсекогаш бил да ја продолжиме продукцијата и да го довршиме овој филм за да можеме да им оддадеме почест на животот и делото на Халина Хачинс“, изјави Мелина Спадоне, адвокатка на продуцентската компанија.
Comments