Продуцентите велат дека кастингот за новиот Џејмс Бонд допрва треба да почне
Барбара Броколи потврди дека изборот на замената на Даниел Крег како 007 допрва треба да почне. 62-годишната продуцентка и нејзиниот полубрат Мајкл Г. Вилсон се задолжени за пронаоѓање актер што ќе го замени Даниел Крег како легендарен шпион, но потврдија дека моментно нема сценарио или актерски тим за следниот филм од серијалот 007. Во разговор со LADbible за време на доделувањето на филмските наградите БАФТА во неделата, Барбара одговори на шпекулациите за наследникот на Крег: „Не, сè уште не сме почнале со кастингот“. „Нема ни сценарио“. рече таа. Голем број актери беа поврзувани со улогата, а медиумите претходно сугерираа дека ќе поминат неколку години пред да се донесе одлука за идентитетот на новиот Бонд и дека филмските шефови мора да го убедат актерот дека планираат долгорочна улога, односно актерот треба да се обврзе на таа улога на долга патека. „Работата е во тоа што ќе има неколку години пауза. И кога ќе го избереме следниот Бонд, тоа ќе биде обврска од 10 до 12 години.
Comments