top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Продолжува соработката во културата со Црна Гора, вечерва изложба на дела од Петар Лубарда во Скопје

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Маша Влаовиќ, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата е планирано министерките да потпишат и нова Програма за соработка во областа на културата за периодот 2023 – 2026 година. Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ, вечер во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе ја отворат изложбата на дела од уметникот Петар Лубарда, еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век. Ги покануваме медиумите, новинарите, снимателите, фоторепортерите да ги проследат потпишувањето на Програмата и отвoрањето на изложбата на Лубарда, од 19:30 часот, во МСУ – Скопје.


1 view

Comments


bottom of page