Продолжен конкурсот за пријавување на „Фолк Фест Валандово“
Меѓународниот конкурс за пријавување на композиции од домашни и странски автори за годинашново јубилејно 35 издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест-Валадово 2022“ е продолжен за уште две недели, поточно до 28 февруари, потврди организаторот, општината Валандово.
На валандовскиот фестивал, кој претставува децениски симбол и традиција што ја негуваат и надградуваат генерации наназад, апликантите се должни до архивата на организаторот, општина Валандово, најдоцна до 28 февруари да достават оригинална композиција изработена во духот на македонската народна музика, напишана на македонски јазик.
На фестивалот ќе бидат доделени парични награди за прво,второ и трето место, за најдобра вокална изведба, најдобар аранжман, најдобар дебитант, најдобар текст и за најдобар сценски настап.
Comentarios