top of page

Прогласување на лауреатот на наградата „Роман на годината“

15.03.2022 Mart Vtornik

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2021 година.

На годинашниот конкурс пристигнале вкупно 39 романи. Во најтесниот избор влегоа романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер).

Лауреатот го избера жири-комисијата во состав на претседателот Владимир Јанковски и претставниците на Фонда цијата Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје.


 
 
 

Comments


bottom of page