Search
Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година
- Aleksandar Santovski
- Mar 21, 2022
- 1 min read
21.03.2022 Mart Ponedelnik
Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги објават добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година.
Годинашните лауреати на поетскиот фестивал во Струга ќе бидат прогласени во Македонската академија на науките и уметностите, традиционално на Светскиот ден на поезијата – 21 Март.
По прогласувањето ќе следува и поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети – членови во Македонскиот ПЕН Центар и во Друштвото на писателите на Македонија.

コメント