top of page
Search

Провокации од соседството: Снимија песна за ЕП 2024 фудбал, а Скопје е – албански град! (ВИДЕО)

25.06.2024 Juni Vtornik

Текстот и видеото преземено од https://www.vecer.press

Од Албанија ни доаѓа уште еден скандал поврзан со Европското првенство во фудбал. Иако сè уште не е стивнат скандалот со албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, кој по ремито со Хрватска (2-2) со мегафон и заедно со навивачите ги пцуеше Македонците поради што УЕФА покрена истрага и на крајот го суспендираше, овој пат се појави видео од официјалната химна на Албанија за настапот на ЕП.

Во песната се зборува за убавините на Албанија, а воедно се споменуваат и градови кои им припаѓаат на други држави. Тоа се однесува на Приштина, главниот град на Косово, како и Скопје, кој е претставен како – албански град!

Песната е објавена пред три недели, а засега нема реакции ниту од Македонската фудбалска федерација, ниту пак од Министерството за надворешни работи на Македонија.



0 views

Comments


bottom of page