Проблем за Барселона – Роберт Левандовски се повреди
- Aleksandar Santovski
- 6 hours ago
- 1 min read
08.08.2025 Avgust Petok
Роберт Левандовски го повреди мускулот на левата нога и е под знак прашалник за почетокот на сезоната, објави Барселона на својата веб-страница.„Роберт Левандовски страда од болка во феморисниот мускул на левата нога“, објави Барса, без да прецизира колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач.
36-годишниот напаѓач ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Комо во недела и е под знак прашалник за првиот натпревар од Ла Лига.
Барселона одбраната на титулата че ја започне против Мајорка на 16 август.
Минатата сезона, Левандовски беше втор стрелец во шпанското првенство со 27 гола во 34 одиграни натпревари. Само Килијан Мбапе (Реал Мадрид, 31 гол) постигна повеќе од него, додека Анте Будимир (Осасуна, 21) беше трет.
Вкупно, полскиот напаѓач одигра 52 натпревари за Барселона минатата сезона и постигна 42 гола.
За каталонскиот клуб постигна 101 гол и 20 асистенции во 147 натпревари. Тој пристигна во Барса во 2022 година по осум триумфални години во Баерн. Со германскиот гигант, тој беше осумкратен шампион на Бундеслигата и победник на Лигата на шампионите, и постигна 344 гола во 375 натпревари.
Foto/ EPA/ALEJANDRO GARCIA

Comments