Пријанка Чопра прекрасна во вечерна тоалета
Пријанка Чопра Џонас беше фотографирана во вторникот како излегува од ексклузивен хотел во Париз. Актерката (39) на себе има елегантен црно-бел фустан од кожа, во комбинација со раскошен накит со зелени скапоцени камења. Папараците ја уловија ѕвездата додека влегува во автомобил. Претходно истиот ден таа на својата Инстаграм-приказна најави дека дошла во француската престолнина поради „нешто возбудливо“, но не објасни за што станува збор. Ова доаѓа откако сопругот на Пријанка, Ник Џонас, неодамна се отвори за татковството во ново интервју. Музичарот и актерката и поранешна мис на светот го добија своето прво дете минатиот јануари. Парот ги изненади фановите со објавата на социјалните мрежи каде открија дека нивната сурогат мајка родила дете.
Comments