Search
Пријанка Чопра и Ник Џонас станаа родители
Updated: Jan 25, 2022
24.01.2022 januari Ponedelnik
Познатата двојка Пријанка Чопра и Ник Џонас го добија своето прво дете преку сурогат мајчинство.
Актерката (39) и пејачот (29), кои се венчаа во 2018 година, ја соопштија убавата вест на профилите на социјалните мрежи, откривајќи дека се „пресреќни“ што станале родители.
Медиумите веднаш ја пренесоа веста, а двојката истакна дека желбата им се остварила со помош на сурогат мајка.
„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека добивме бебе преку сурогат. Замолуваме за приватност во овој посебен период додека се фокусираме на нашето семејство,“ напиша таа на својот Инстаграм-профил.
Comments