top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пријавувањето на Ѓоковиќ за Австралија опен не става крај на сагата за вакцинацијата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е пријавен за настап на претстојниот гранслем турнир Австралија опен, но останува непознато дали тој се вакцинирал или ќе искористи „дупка“ во прописите. Претседателот на турнирот во Мелбурн, Крег Тајли, претходно потврди дека сите тенисери и тенисерки ќе мора да бидат вакцинирани за настап на Австралија опен, со што можни се исклучоци само поради медицински причини.

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ упорно одбива да открие дали примил вакцина против ковид-19 повикувајќи се на слободата на избор.

– Мислам дека слободата за избор е основна за секого, за мене или за било кој друг. Не е важно дали се работи за вакцинација или за нешто друго во животот. Треба да имаш избор во животот, во овој случај, што ќе ставиш во твоето тело – кажа во неодамнешно интервју 34-годишниот Србин.

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на првиот светски рекет, пак, неодамна навести дека неговиот син веројатно нема да настапи на претстојното издание на тенискиот гранслем-турнир Австралија опен во Мелбурн, доколку не дојде до попуштање на прописите за вакцинација против ковид-19.

Деветкратниот шампион на Австралија опен, Ѓоковиќ, има можност да стигне до рекордниот 21-ви гранслем-трофеј (тој, Роже Федерер и Рафаел Надал моментно имаат по 20) на турнирот во Мелбурн в година.

Тој претходно ќе учествува на АТП-купот во Сиднеј од 1 до 9 јануари. Првиот гранслем-турнир во претстојната сезона ќе се одржи од 17 до 30 јануари.


1 view

Comments


bottom of page