top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пристигнуваат локални музички ѕвезди и винско-гастрономски саем

Забавата „Гет егзитед“ во Градскиот парк во Струмица, на која на 7 септември ќе настапат Дебора де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар, додава и попладневна програма со врвна винска и гастрономска содржина, како и концерти на локалните изведувачи „21 век“, Дина Јашари и „Џамбо Агушеви оркестар“. Тие ќе настапат од 18 до 21 часот, по што диџеите Гоце С.А.Ф и Чваре ќе направат одлично загревање за главните изведувачи. Влезот е бесплатен!

Групата „21 век“ е култно македонско трио, кое носи презабавен поп-панк звук, а неговите настапи многу лесно преминуваат во стендап. „Џамбо Агушеви оркестар“ ги освојува најголемите сцени во светот, а почетоците на овој оркестар се бележат токму во Струмица. Џамбо, познат и по прекарот Фанки Тигар, е најпознат македонски музичар по Есма Реџепова. Негова голема желба е со својот оркестар да станат синоним за дувачката музика во целиот свет. Дина Јашари е млада уметница од Македонија, а нејзините модерни ритми на дрим-поп, соул и џез се вистинско освежување на музичката сцена. Диџеј Гоце е дел од хипхоп-сцената уште од раните 1990-ти, кога со својата група С.А.Ф. ја објави првата песна во 1993-та. Нивниот ЛП „Сафизам“, објавен во 2002 година, е прво издание на винил на Балканот!

Дел од забавата „Гет егзитед“ ќе биде и разновиден вински и гастрономски саем, кој ќе почне во 18 часот и ќе трае во текот на целата вечер. На саемот доаѓаат најдобрите локални и регионални винарници, како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Едни од најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште заедно ќе приготвуваат локални специјалитети. На дел од саемот ќе има и штандови за земјоделци и произведувачи на органски производи.


2 views

Comments


bottom of page