Природните убавини на Лазарополе претставени преку објективот на Игор Цветковски
Отворена изложбата „Лазароска“
Изложбата на фотографии „Лазороска“ на фотографот и продуцент, Игор Цветковски, беше отворена во мултимедијалниот центар „Мала станица“.
На изложбата беше промовирана и фотомонографијата со мотиви од Лазарополе, снимени во сите годишни времиња. Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фотомонографијата на Цветковски го документира чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.
– Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фотомонографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на ковид-пандемијата во Лазарополе – вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецов.
Comments