Принцот Џорџ полни осум години
23.07.2021 Juli Petok
Идниот крал денес полни осум години. Најстарото дете на војводата и војвотката од Кембриџ, Џорџ, денес го слави својот осми роденден. Во чест на големиот ден на Џорџ, Вилијам и Кејт споделија нова фотографија од малиот принц. Секоја година Кејт прави нова фотографија од својот постар син и ја објавува за неговиот роденден. Оваа година не е исклучок. На фотографијата, направена во Норфолк на почетокот на овој месец, Џорџ седи на автомобил во природа, облечен во поло-маичка во пруги и морнарски шорцови. Исто така, има и широка преслатка насмевка. На почетокот на овој месец принцот им се придружи на своите родители на финалето на Европското првенство кога Англија играше против Италија на стадионот „Вембли“. Принцот Џорџ за таа пригода беше облечен во симпатичен костум и вратоврска. Тој не ги криеше своите емоции во текот на мечот гушкајќи ги своите родители по првиот гол за Англија. Разочарувањето на младиот принц беше видливо кога Англија на крајот го загуби натпреварот.
ความคิดเห็น